Светска банка одобри 70,9 милиони долари за патна мрежа

Bez autora
Sep 25 2014

Светска банка го одобри кредитот во износ од 70,9 милиони долари за Проектот за рехабилитација на магистрални и регионални патишта за Македонија. Со овој проект треба да се подобри поврзаноста на избрани магистрални и регионални патишта, пред се' коридорите 10 и 8, како и да се зајакнат капацитетите на Јавното претпријатие за државни патишта за прашањата за безбедност на патиштата и отпорност кон климатските промени. Македонија е особено зависна од добро развиена транспортна мрежа за нејзиниот економски и социјален развој, објаснува Татјана Проскурјакова, директор на Канцеларијата на Светска банка во Скопје. Подобрената патна мрежа ќе придонесе за намалување на сиромаштијата преку обезбедување подобар пристап до пазарот на труд и социјалните услуги за руралното население.

Светска банка одобри 70,9 милиони долари за патна мрежаСветска банка го одобри кредитот во износ од 70,9 милиони долари за Проектот за рехабилитација на магистрални и регионални патишта за Македонија. Со овој проект треба да се подобри поврзаноста на избрани магистрални и регионални патишта, пред се' коридорите 10 и 8, како и да се зајакнат капацитетите на Јавното претпријатие за државни патишта за прашањата за безбедност на патиштата и отпорност кон климатските промени.

„Македонија е особено зависна од добро развиена транспортна мрежа за нејзиниот економски и социјален развој“, објаснува Татјана Проскурјакова, директор на Канцеларијата на Светска банка во Скопје.

Подобрената патна мрежа ќе придонесе за намалување на сиромаштијата преку обезбедување подобар пристап до пазарот на труд и социјалните услуги за руралното население. Како што се наведува во соопштението од Светска банка, рехабилитацијата на патиштата ќе придонесе кон подобра поврзаност и побезбедно патување во областите надвор од Скопје, каде што живеат околу 1,2 милиони жители.

Заемот од 70,9 милиони долари е издаден од Меѓународната банка за обнова и развој - ЕБОР, со 23 години достасување и со 6 години грејс-период. Ова е втор проект за патен транспорт кој во моментов го финансира Светска банка во Македонија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik